Нè чека крвава Месечина овој викенд: Тотално помрачување и невиден небесен феномен ќе видиме сега, па дури во мај 2021-ва

Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат во една рамнина во текот на викендот, кога се очекува целосно помрачување на Месечината, единствено во оваа, но и наредната година.

Истовремено Месечината ќе биде најблиску до Земјата поради што ноќите ќе делуваат посветло од обично, и ќе има црвена боја, а тој феномен се нарекува Супер Месечина.

Американскиот астрофизичар Патрик Хертиган изјавил дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и тотално помрачување на Месечината, додавајќи дека помрачувањето ќе трае доста долго, околу еден час.

Помрачувањето почнува во недела навечер или понеделник рано наутро, во зависност од кој дел на Земјата го гледате тој феномен.

Сенките на Земјата во целост ќе ја прекријат месечината во текот на 62 минути, навеле научниците и додале дека доколку биде ведро небото, феноменот ќе биде видлив во Северна и Јужна Америка, но и на Гренланд, Исланд, во Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија и на бреговите на Франција и Шпанија.

Останатиот дел од Европа, како и Африка, ќе има само делумен поглед. Помрачувањето нема да биде видливо во Азија, Австралија и Нов Зеланд.

Наредното тотално помрачување на Месечината се предвидува за мај 2021-ва година.

Оваа Месечина кај древните Индијанци се нарекува крвава волчја Месечина и тогаш племињата се собираат околу оган и го слушаат завивањето на гладните волци.

Leave a comment

error: Content is protected !!