Не барајте изговори: Оваа 8-годишна бездомничка ја пишува својата домашна задача надвор, на дожд!

8-годишната Илејн од Филипините, со своите родители и 4-годишната сестра живее на улица.

Иако овој крај последните години го погодиле сериозни монсунски дождови, таа нашла начин да ја напише својата домашна задача.

Роналд Вилануев го снимил девојчето како покриено со јакна, се обидува да ги сокрие книгите од дождот.

Малата Илејн му рекла дека учи за еден ден да се тргне од улица, да пронајде добра работа и да му обезбеди нормален живот на своето семејство, пренесува “Sky News”.

“Додека нејзиното семејство спиеше, таа пишуваше домашна. Беше околу седум часот. Сигурно ќе успее во животот, бидејќи и покрај тоа што нема дом, не бараше изговор да не ја напише домашната”, рекол Роланд.

Leave a comment

error: Content is protected !!