Науката потврди: Фреди Меркјури е најдобриот пејач на сите времиња

Група австриски, чешки и шведски научници спровела истражување, кое било објавено во “Logopedics Phoniatrics Vocology”, на чија основа Фреди Меркјури, покојниот пејач на групата “Queen”, е најдобар пејач на сите времиња.

Иако не го тестирале урбаниот мит според кој Меркјури имал распон на глас од полни четири октави, откриле некои повеќе од интересни факти за гласот на легендарниот пејач.

Фронтменот на култниот бенд бил познат како тенор, а всушност бил поблиску до баритон.

Тимот од научници тоа го базирал на шест интервјуа кои Меркјури ги дал, а кои откриле дека просечната фреквенција на неговиот глас е 117,4 Hz, пишува “Unilad”. Неговите гласни жици ги снимиле во дури 4.132 фрејмови во секунда, за да можат точна да видат дека на Фреди му успевало тоа што му успевало.

Заклучиле дека неговите гласни жици се движеле побрзо отколку кај другите луѓе.

“Квантитативната анализа која користи ново воведен параметар за процена на правилноста на вокалните вибрации ја поткрепила својата перцептивна неправилна природа, сугерирајќи дека правилноста на вибрациите е дистинктивно обележје на гласот на пејачот”, пишува во истражувањето.

Leave a comment

error: Content is protected !!