Научниците го пресметале точниот датум за крајот на светот: Не е толку далеку како што се мисли, но има еден начин да се одложи

Пред повеќе од половина век, американскиот математичар Хајнц фон Форестер и неговите колеги објавиле статија за точниот датум на крајот на светот. Планетата Земја би можела да исчезне поради судир со некое космичко тело, како резултат на природна или катастрофа предизвикана од човекот. Ова не е фантазија на медиумите или холивудски сценарист, туку прогноза на научниците.

Пред повеќе од половина век Фон Форстер го утврдил точниот датум за крајот на светот: 13-ти декември 2026-та година.

Германскиот астрофизичар Себастијан фон Хорнер во 1975-та година рекол дека Судниот ден ќе се случи помеѓу 2020-та и 2050-та година. Во текот на тој период, човештвото до толку ќе порасне, што нема да може да се прехрани. Поради индустриските емисии во атмосферата, планетата ќе се загрее до степен што нема да може да се живее на неа.

Американските научници внеле нови вредности во формулата и резултатите се промениле за 300 години. Пресметале дека до крајот на светот нема да дојде пред 2300-та, односно 2400-та година поради глобалното затоплување и прегревањето на планетата поради човековите активности.

Рисмкиот клуб, здружение на интелектуалци, научници и футуролози во 1972-ра година презентирал извештај за ограничувањата на цивилизацијата. Авторите го анализирале растот на популацијата, индустријата, трошењето на необновливите извори на енергија, деградацијата на животната средина, па дошле до заклучок дека во текот на 21-ви век постои голема веројатност да дојде до колапс. Меѓутоа, колапсот може да се избегне, ако човештвото го промени однесувањето и технолошкиот развој.

Сепак, заклучиле дека нашата планета Земја е на средината на својот пат и дека имаме уште неколку векови резерва.

Leave a comment

error: Content is protected !!