Наскоро сите ќе можеме во вселената: Леталото за туристи полетало во висините, летот изгледа неверојатно

Компанијата “Virgin Galactic” успешно го извршила третото тестирање на својот вселенски брод за туристички патувања “VSS Unity”, кој се вивнал над пустината Мохаве во северна Америка.

Компанијата соопштила дека леталото достигнало двојно поголема брзина на звукот и надморска висина од 52 километри.

Вселенскиот брод полетал со носач на вселенски авион од надморска висина од 14 километри.

Компанијата на милијардерот Ричард Брансон е еден тест поблиску од примање на првите патници.

По претходните тестови, Брансон за “CNBC” рекол дека “Virgin Galactoc” го делат само уште два или три лета од вселената.

Leave a comment

error: Content is protected !!