Нашите познати личности во улога на ЗОО негователи- Цела естрада во поддршка на Зоолошка

Зоолошката градина во Скопје покрена кампања за подигнување на свеста кај посетителите.

Кампањата „За здрави и среќни животни“ ги едуцира несовесните посетители да не фрлаат храна во живеалиштата на животните, но и да не ги вознемируваат и да не фрлаат отпад.  Најголемиот проблем кој го има Зоолошка градина е токму некултурата кај поголемиот дел посетители и е прашање кое мора да се реши во најбрзо време.

Затоа, за да помогнат на Скопје Зоо, во кампањата решија да се вклучат поголемиот дел од нашите јавни личности. Прва која беше дел од оваа едукативна кампања е Тамара Тодевска, а потоа се вклучија Панчо од ДНК, водителката Миа Костова и популарните пејачки Кристина Арнаудова и Елена Велевска.

Во улога на Зоо негователи кои ќе ги „караат“ несовесните посетители во иднина ќе се најдат многу јавни личности- актери, спортисти, пејачи, водители и градоначалници.

Leave a comment

error: Content is protected !!