Народот ја обожува, Западот ја мрази: Асма Асад, сопругата на сирискиот претседател, ја нарекуваат и Пустинска роза

Сопругата на сирискиот претседател, Асма Асад, се нашла во центарот на вниманието откако државните медиуми објавиле дека боледува од рак.

Дури и на официјалната Фејсбук страна на претседателството била објавена фотографија од сирискиот претседател како седи покрај болничкиот кревет на својата сопруга која прима терапија, под која пишува дека малигниот тумор е откриен во рана фаза.

За разлика од својот сопруг, Асма не пораснала во Сирија. Родена е во Велика Британија каде завршила и факултет. Одела во училиште во англиска црква, каде пријателите ја знаеле како Ему. Родителите и биле кардиолози, а таа студирала француски и работела за “Deutsche Bank” во Лондон.

Со својот сегашен сопруг се омажила кога имала 25 години. Се запознале кога Башар бил на специјализација од офталмологија во Лондон, а повторно се сретнале во 2000. година. Се венчале во тајност една година подоцна, само неколку дена откако нејзиниот сопруг ја преземал функцијата претседател по смртта на неговиот татко.

Првата дама во Сирија едни ја нарекуваат “Пустинска Роза”, додека за други е “Прва дама на пеколот”, пренесува “Guardian”. Таа е многу активна на социјалните мрежи, каде објавува фотографии со деца, од посета на градинки или слични установи.

“Заедно ќе бидеме посилни и заедно можеме да минеме низ се. Те сакам”, гласел еден од мејловите кој Асма му го пратила на својот сопруг.

Од  моментот кога дошла до центарот на вниманието, медиумите побарале интервјуа со неа. Така биле пронајдени интервјуа со руски медиуми, но и интервју за “Vogue” од 2010. година, кое подоцна била повлечено од сајтот.

Башар и Асма имаат три деца – Хафез, Зеин и Карим. За најстариот син веќе се зборува дека би можел да биде наследник на својот татко.

Leave a comment

error: Content is protected !!