Ѓеврекот е доста лесен за подготвка, затоа засукајте ги ракавите и направете вкусен и топол доручек.
Ѓевречето можеме да го пронајдеме во секоја пекара, а ретко кој од нас може да си го замисли доручекот без ова округло пециво.
За подготовка на домашен ѓеврек потребно ви е:
2,5 шолји брашно
1 лажичка сол
1 шолја топла вода
1 лажичка сув квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички маслиново масло
1 лажичка вода
1 шолја сусам
Подготовка: Сите состојки за тестото ставете ги во сад и месете. Откако добро ќе го измесите тестото оставете го на топло околу еден час. Рерната загрејте ја на 200 степени. Поминете го тестото со сукало и исечете го на ленти. Секоја лента со рака изролајте ја во должина од 24 цм во облик на грисинка. Потоа смотајте ја во плетенка и формирајте округол облик на ѓеврек. Така спремните ѓевречиња ставете ги во сад за печење, премачкајте ги со вода и обилно истурете им сусам. Печете 20-25 минути додека не добијат златно жолта боја.