Наместо да каже “Да”, ја оставил невестата и скокнал во океан да спаси човек

Млад брачен пар одлучи да направи венчавка од соништата, па така цела церемонија се одвивала на плажа.

Сепак, во моментот кога требале да кажат “да” се слушнал силен врисок. Жена дотрчала до парот и рекла дека некое момче се дави. Младоженецот Зек Едвардс (37) без размислување истрчал и скокнал во водата за да го спаси 18 годишното момче.

Момчето било одвлечено од морското струење и не можел да исплива до брегот. Зек со помош на даската за спасување успеа да го извлече несреќниот тинејџер надвор на безбедно. Цело време му ја држел главата над водата.

“Мојата вереничка Синди и јас се фотографиравме на плажа кога ни пријде една жена која ни кажа дека тинејџер се дави во водата. Ја соблеков кошулата, но мојата сопруга ми рече дека немам време да ги соблечам панталоните. Скокнав во водата и цело време си велев: “Не можам да дишам”. Струјата беше многу силна и едвај го извлеков”, вели Зек Едвардс.

“Донесоа и глисер и успеав да го повлечам на него. Не бев свесен што се случи додека не заврши сè, адреналинот беше силен”, вели Зек.

Неговата сегашна сопруга стоела беспомошно на брегот, а спасувачите не ја оставале да влезе во водата, додека хеликоптери патролирале.

Тинејџерот се опоравил, а Синди и Зек сметаат дека луѓето го потценуваат океанот.

“Тој ден беше раширено црвено знаме, а луѓето не ги почитуваат законите. Пливачите мора да бидат внимателни”, додава Зек.

Leave a comment

error: Content is protected !!