Најуспешната македонска гитаристка и пејачка Мартина Блажеска дипломираше на престижниот Беркли

Мартина Блажеска од Охрид, чија прва љубов е гитарата, но освојува и со нејзиниот вокал, дипломираше на престижниот музички колеџ Беркли во Бостон.

Привилегија да студираат на овој колеџ имаат само најталентираните, но овде не е доволен само талентот. Треба да покажеш дека навистина ја сакаш музиката и 24 часа да живееш само за неа.

Нашата Мартина од самиот почеток на студирањето се покажа како еден од најдобрите студенти, а со тоа доби и низа настапи низ Америка, кои навистина може да и помогнат во патот кон светска слава.

Неодамна таа го издаде и деби албумот, кој има пет композиции, а на сите како автор се јавува самата Мартина. Во изминатиот период, младата пејчка и гитаристка имаше соработка со многу светски музичари, од кои секако има што да се научи.

Нејзините колеги, Мартина ја нарекуваат виртоуз на гитара, а пред да дипломира, од колеџот беше избрана да свири на завршниот концерт на Беркли. Огромна е привилегијата затоа што охриѓанката настапи заедно со ќерката на легендарниот Џони Кеш, а имаше шанса да свири и со Нил Роџерс и Есперанда Спалдинг, кои се нејзини големи идоли.

Блажеска дефинитивно го живее својот сон, а ние и посакуваме многу успех во иднина на светската музичка сцена.

Leave a comment

error: Content is protected !!