Најстрашните светски мистерии од кои ќе ви смрзне крвта!

Сензибилитетот на општеството со текот на историјата прилично се промени. Благодарение на археолозите откриваме колку животот некогаш бил страшен. Кога ќе ја погледнете оваа листа ќе бидете пресреќни што не сте живееле 1000 години порано.

Бебиња во јавно купатило

Археолозите работеле на ископини на римско/византиско јавно купатило. Во системот за канализација пронашле нешто неверојатно вознемирувачко. Во цеквите се наоѓале коски од 1000 бебиња. Се уште е мистерија поради што се нашле коските токму таму.

Канибали неандерталци

Археолозите во Шпанија во 2010 година откриле остаток од канибалска гозба. Остатоците од три возрасни жени, тројца возрасни мажи, три тинејџери, две мали деца и едно бебе укажуваат дека биле ручек за една група канибали неандерталци.

Обезглавените викинзи од Дорсет

Работниците на пругата во Дорсет еден ден нашле посмртни остатоци од скандинавски мажи, без черепи. Експертите претпоставуваат дека овие мажи веројатно биле погубени поради дезертерство.

Канџата од моа на планината Овен

Ескпедицијата од 1986 година во пештерите на планината Овен во Нов Зеланд нашла добро зачувано стапало кое изгледало како да припаѓа на неодамна загината птица. Стапалото припаѓало на праисториското суштество кое се нарекува копнена моа.

Шилецот во череп

Во ископините на езерското дно во Мотала, Шведска, археолозите на свое изненадување пронашле неколку черепи прободени со шилци. Останатите черепи во себе имале делови од други черепи. Се претпоставува дека ова се случило пред 8000 години.

Човекот од Граубала

Иако мумиите во барите не се толку ретко откритие, приказната на овој човек е навистина посебна по тоа колку е прецизно реконструирана на основа на неговите остатоци. Огромната исеченица по должината на неговиот врат, сугерира дека умрел во жртвување, веројатно во име на добрата жетва.

Вампирот од Венеција и циглата

Иако делува смешно во споредба со колец од глог и лук, оваа метода за уништување вампири не била толку невообичаена пред околу 100 години. Се верувало дека личноста нема да може да се повампири, ако во устата и се стави цемент и цигла. Морбидно, но ефикасно.

Најстариот лепрозен човек

На лепрозните никогаш не им било лесно во текот на историјата, иако лепрата никогаш не била толку заразна. Првата пронајдена жртва од оваа болест, потекнува од 4000 година п.н.е. Телото на овој човек од Индија било прилично зачувано, иако постои индијски обичај луѓето да се кремираат после смртта. Ова укажува дека тој не бил закопан и погребан како останатите.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!