Најстрашниот случај на егзорцизам во историјата: Попот и калуѓерките завршија во затвор

Марициа Ирина Корничи (23) била калуѓерка во романски манастир во градот Таначу.

Во одреден период, другите сестри и свештеникот забележале дека има напади на бес и агресивност спрема другите, но и спрема себе. Додека докторите мислеле дека калуѓерката пати од шизофренија, свештеникот Даниел Петре Корогеану и останатите сестри биле уверени дека е опседната од демон. Верувајќи дека демонот не може да се истера од личноста само со таблетите кои и биле препишани, свештеникот решил да изврши егзорцизам.

Прво, калуѓерките ја врзале за кревет, за да не ги повредува другите, а неколку дена подоцна свештеникот и четири цркви почнале со ритуалот. Калуѓерката Корничи била врзана за дрвен крст и легната на под, додека свештеникот го изведувал ритуалот. Сите се молеле за нејзината душа, на челото и ставиле свето масло, а во устата пешкир за да не пцуе. По три дена ја одврзале и ја преместиле во нејзината соба. Свештеникот Корогеану сметал дека е излечена.

Потоа на нејзе пазеле неколку сестри. И дале да јаде и пие, но веднаш после тоа се онесвестила. Не можеле да ја разбудат, а кога сфатиле дека има слаб пулс, повикале брза помош. Во комбето добила шест дози адреналин, но на патот до болница починала.

Полицијата била повикана веднаш откако стигнале во болницата, затоа што калуѓерката имала траги од врзување по целото тело. Обдукцијата покажала дека починала од дехидрација и недостиг на кислород, а свештеникот и четирите сестри кои биле дел од ритуалот биле осудени на затворски казни.

Романските медиуми постојано го следеле овој случај, поготово кога свештеникот добил казна од 14 години затвор. Цело време зборувал дека и го спасил животот.

Втората обдукција, години покасно покажала дека причина за смртта, всушност била преголемата доза адреналин која ја примила во возилото на брзата помош.

„Моја најголема грешка беше што повикав брза помош кога сфатив дека не мрда и не се буди. Да не го направев тоа, денеска ќе беше жива и здрава“- изјавил свештеникот кој предвремено беше пуштен од затвор во 2011 година. Манастирот беше затворен по овој случај, но многумина и ден денеска веруваат дека калуѓерката Корничи била навистина опседната од демон.

Браќата Чед и Кери Хејс според овие неверојатни случувања напишаа и сценарио за натприродниот трилер „ The Crucifixion“- во кој доста реално се прикажани случувања во Таначу.

Доколку ве заинтрига оваа приказна, слободно може да го погледнете и филмот за да дознаете што всушност се случувало:

 

 

Leave a comment

error: Content is protected !!