“Најсиромашниот претседател на светот”, некогашниот прв човек на Уругвај – одбил да зема пензија!

Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика, познат и како “најсиромашниот претседател на светот”, ја одбил пензијата која му припаѓа за времето што го минал во уругвајскиот сенат, пренесува BBC.

Мухика минатиот вторник поднел оставка на местото сенатор, на кое се наоѓал до крајот на својот претседателски мандат до 2015. година. Како што вели, “уморен е од долгиот пат” и не сака да остане на местото сенатор, иако мандатот му истекува дури 2020. година.

Оставката ја поднел до претседателката на уругвајскиот сенат, Луција Тополански, со која се оженил пред 13 години, пренесува BBC.

“Мотивите за оставката се лични, би рекол дека сум уморен од долгото патување. Секако, додека мојот ум функционира, не можам да се откажам од солидарноста и борбата за идејата”, порачал Мухика во своето писмо.

Мухика во оваа прилика се извинил на било кој колега што го повредил во минатото.

За време на својот претседателски мандат, Мухика останал познат по тоа што поголемиот дел од својата плата ја давал во добротворни цели, а единствената работа која е поседувал кога ја заземал позицијата претседател била “Volkswagen” “Буба” од 1987. година.

Тој автомобил станал толку познат, па некој му понудил милион долари за него во 2014. година, што Мухика одбил. Како причина, рекол дека во случај да го продаде автомобилот, немало да има начин да го пренесува своето куче кое има три нозе. Вели дека иако изгледа како ексцентричен старец, ова бил негов слободен избор, а по оставката планира повеќе време да мине на својата фарма.

Leave a comment

error: Content is protected !!