Најпроколнатата куќа на светот- Од мистеријата Винчестер ќе ве пролазат морници

Откако во 1881 година починал Вилијам Винчестер, на својата сопруга Сара и оставил огромно богатство.

Со наследени околу 20 милиони долари, Сара одлучила да изгради огромна куќа на 65 хектари земјиште во подрачјето на Санта Клара во Калифорнија. Бидејќи била сама и без деца, Сара се разболела од депресија по смртта на сопругот, а за да ја победи болката, почнала да се занимава со изграда на својата огромна палата.

Но притоа не била психички баш најстабилна, па плановите за изградбата ги менувала секојдневно, излудувајќи ги работниците. Но, бидејќи биле добро платени не им преостанало ништо друго, освен да ја слушаат. Проколнатата куќа имала 300 соби на дури 7 спрата, 13 тоалети, две балски сали, 6 кујни, 47 камини, 2 подруми и 3 лифтови. Мистериите кои ја опкружувале Сара и нејзините ексцентрични верувања, направиле оваа куќа и ден денеска да се смета за проколната. Газдарицата не најмила архитект за да ја дизајнира куќата, туку наводно се консултирала со духовите со кои контактирала со помош на табла. Духовите и давале инструкции, па затоа и плановите за изградба толку се менувале.

Сепак процесот на повикување на духови има и своја мана, па заедно со добрите, се јавувале и оние мрачните. Во обидот да побегне од лошите духови кои ја прогонувале, Сара наредила да се постават врати кои не водат никаде. Верувала дека таму ќе ги намами духовите и ќе биде сигурна. Како резултат на тоа, вилата имала 2000 врати и преку 10 000 стаклени панели. Вратите кои лебдат над кујната се јасен показател на стравовите на Сара.

Нелогичности во куќата

Некои соби дури имаат и прозори кои гледаат кон другите соби. Во неколку наврати, Сара побарала изградба на скали кои не водат никаде. Вдовицата Винчестер кажала дека со духовите комуницирала во „Сината соба“ каде што имало само маса, столчиња, пенкала и листови хартија.  И на сопственичката и било страв од куќата, легендата вели дека Сара никогаш не спиела во иста соба две вечери по ред.

По целата ќука може да се видат примероци од пајакова мрежа, бидејќи тие и биле омилена декорација на Сара Винчестер. Со текот на годините, вилата Винчестер е намалена на 4 спратови и 160 соби, но до ден денеска за неа се врзуваат морничави мистерии.

Сара куќата ја градела 38 години, верувајќи дека се додека ја гради ќе остане жива. За духовите кои ја прогонувале велела дека се изгубени души, убиени од пушките на семејството Винчестер. Откако сопственичката починала во 1922 година, никој не сакал да живее во куќата.

Денеска вилата Винчестер е туристичка атракција, а милиони луѓе од целиот свет доаѓаат да ја видат и да почуствуваат паранормално присуство. Сведоци велат дека навистина проколнато се крие зад огромната куќа, а годинава беше снимен и филм за историјата на ова масовно здание.

Ликот на Сара Винчестер, односно главната улога ја толкува легендарната Оскаровка Хелен Мирен,  а доколку сакате да дознаете повеќе за легендата, наш предлог е да го погледнете филмот „Винчестер“:

Leave a comment

error: Content is protected !!