Најпознатиот Јутубер во Србија заработува и по 10 000 евра месечно, а има само 20 години

Стефан Вуксановиќ има 20 години и живее во селото Дрмно, блиску до Костолац во Србија. Последниве неколку години, момчето заработува навистина добри пари од видеа на Јутјуб.

Јутуберот е познат под прекарот Муџа, а видеа снима од 2013 година. Започнал со играње видео игри на својот Јутјуб канал, а потоа почна да ги снима и видеата кои ми донесоа милионски прегледи. Од тоа како ја поминал Новата Година, до романтичните излегувања со неговата девојка, па се до секојдневните згоди и незгоди со неговиот татко- сето ова може да го најдете на неговиот Јутјуб канал.

Муџа, потекнува од скромно семејство, а сега во снимањето на видеата му помага и неговиот татко. На свои 20 години, момчето заработува пари за целата фамилија. Некогаш заработува по 5000 евра месечно, а некогаш таа бројка стига и до 10 000 евра.

Неговата девојка Јана е исто така многу позната Јутуберка во Србија, а за нив велат дека се најпопуларниот Јутјуб пар на Балканот.

Во Македонија, јутуберството како хоби и начин на заработка стана масовно популарно во последните две години. Не знаеме колку заработуваат нашите Јутубери, но сигурно имаат заработка барем колку една просечна плата во нашата држава.

Затоа ако сте креативни и сакате да снимате видеа, а притоа може од тоа и да заработите, не се двоумете. Веднаш почнете со свој Јутјуб канал.

Leave a comment

error: Content is protected !!