Најлош ден во историјата за Фејсбук: Закерберг изгуби 16 милијарди долари

Американската компанија Фејсбук го доживеала најлошиот ден во својата историја, откако вредноста на нејзините акција паднала за дури 19 проценти, што предизвикало сопственикот на компанијата, Марк Закерберг, да падне на листата на “Forbes” за најбогати луѓе на светот.

Вредноста на акциите на Фејсбук вчера, во еден момент, паднала на минимални 173,75 долари, за тргувањето а биде завршено на 176,26 долари, наведува “CNBC”.

Таквиот пад, поради кој биле збришани 120 милијарди долари од пазарната вредност на Фејсбук, уследил откако таа компанија објавила дека во вториот квартал забележала послаби раст на корисничката база и приходите од тоа што се очекувало.

Последен пат кога Фејсбук во еден ден забележал најголема загуба, било во јули 2012. година, кога акциите паднале за 11 проценти.

Како резултат на сето тоа, личното богатство на Закерберг е намалено за дури 16 милијарди долари, поради што веднаш паднал на листата на “Forbes” за најбогати луѓе на светот од четврто на шесто место.

“Forbes” сега го проценува неговото нето богатство на 67,1 милијарда долари.

Службениците на Фејсбук вчера предупредиле дека се очекува забавен раст на приходите поради потенцијалното намалување на бројот на рекламите на корисниците и можноста зголемените трошоци да го надминат растот на приходите во 2019. година, што ќе влијае на добивката.

Leave a comment

error: Content is protected !!