Најбруталниот старт во Лига Шампиони:Со кунг фу удар го разнесе противникот

Во сенка на завршницата на Светското фудбалско првенство и дочекот на играчите во родните земји, оваа недела се играа и два натпревари од второто предквалификациски круг за Лига Шампиони.

Немаше некои поголеми изненадувања, но затоа имаше крвнички стартувања, а оној на натпреварот помеѓу Видеотон и Дуделанге (2:1) е еден од најбруталните во историјата на фудбалот.

Гостувачкиот стопер Брајан Мелиси во третата минута од судиското продолжение, кога веќе беше јасно дека неговата екипа ќе отпадне од понатамошно натпреварување, исфрли една топка, а потоа во скок со две нозе со кунг фу удар го погоди противничкиот играч во стомак.

Кога судијата му покажа црвен картон, Мелиси разочарно одмавна со раката и по пат до соблекувалната успеа да се искара уште со неколку противнички играчи.

Видеотон продолжи понатаму со вкупни 3:2

Leave a comment

error: Content is protected !!