Connect with us

Repriza.mk

Најбогатото германско семејство признало дека ги поддржувало најголемите злосторници во историјата!

Инфо

Најбогатото германско семејство признало дека ги поддржувало најголемите злосторници во историјата!

Семејството Рајман, едно од најбогатите германски фамилии, во текот на владеењето на националсоцијализмот ги поддржувало нацистите и користело принудна работна сила, објавил “Bild Am Sontag”.

По објавувањето на овие откритија, наследниците не кријат дека се засрамени и дека ќе подарат 10 милиони евра во добротворни цели.

Имено, “Bild Am Sontag” објавил дека документите до кои дошол откриваат дека таткото и синот Алберт Рејман Сениор и Алберт Рајнер Јуниор ги користеле руските цивили и француските воени заробеници како принудни работници.

Портпаролот на семејството, Питер Харф, кој е и на чело на холдинг компанијата “Рајман ЈАБ” потврдил дека наводите на Bild се точни, наведува “AP”.

Рекол дека семејството никогаш не зборувало за нацистичката ера, но дека доказите покажуваат дека таткото и синот, кои починале во 1954-та година, односно 1984-та година, заслужиле затвор.

Богатството на семејството во чија сопственост се некои од најпознати светски брендови како “Jacobs”, “Calgon”, “Wella” и други, се проценува на 33 милијарди евра.

Leave a comment

Continue Reading
You may also like...

More in Инфо

To Top
error: Content is protected !!