На затворениците им даваат озлогласена дрога, а тие потоа голи се борат меѓу себе

„Spice“ е релативно нова психоактивна дрога која предизвикува тешки халуцинации, а засега е најраширена низ затворите во Велика Британија.

Британските медиуми пред неколку дена објавиле вознемирувачко видео која ги прикажува затворениците од затворот Нортумберленд, како се борат голи под дејство на озлогласената дрога.

Двајца голи и издрогирани мажи се борат и тепаат во една од ќелиите во затворот, а како што пренесува „Mirror“, затворениците се под дејство на дрогата „Spice“.

Станува збор за психоактивна дрога која што предизвикува тешки халуцинации. Предизвикува забрзана работа на срцето, повраќање, вознемиреност и збунетост. Може да го зголеми крвниот притисок и да предизвика намалување на дотокот на крв во срцето. Во неколку случаеви лица кои што ја конзумирале дрогата добиле и срцеви удари.

Двајцата затвореници на снимката се тепаат, се гризат, а уште полошо е тоа што некој ги држи врзани за ланци, додека во позадина се слуша навивање и смеење.

Од британското здружение на вработени во затворите ширум земјата се огласија и видео снимката ја опишаа како „тажен пример за ширењето на дрогата „Спајс“ низ затворите во Велика Британија“.

Leave a comment

error: Content is protected !!