На сред трка видела напуштено кутре, го земала, и продолжила кон целта

Кемира Клонгсанун е девојка која ужива во трчање и редовно учествува на маратоните ширум Тајланд. Иако знае дека резултатот е многу важен дел од трката, сепак верува дека некои работи се многу поважни, што докажува и фактот дека наместо победата избрала да спаси мало куче.

Кемира минатата седмица трчаше на еден од градските маратони и за време на трката нејзиното внимание го привлече мало кученце. Маратонот бил долг 42 километри, а Кемира го здогледала кучето после 7-те километри и го носела со себе додека не пристигне до целта.

Иако можела да му го предаде кучето на некој кој ја набљудуваше трката отстрана, таа одлучи да го задржи и да го понесе со себе до крајот за да се увери дека ќе пронајде вистинско место за него.

Сепак, откако со него истрча 30 километри, Кемира одлучи да го однесе дома и сега официјално е дел од нејзиното семејство.

Кучето сега се вика Нонг Чом и го запозна со нејзините две кучиња, а тој во семејството се вклопи без никакви проблеми.

Кемира подоцна се вратила на местото каде го пронашла кучето за да го пронајде неговото семејство, меѓутоа изгледа дека кучето таму било само.

Leave a comment

error: Content is protected !!