На публиката и се слоши и излезе сред проекција во Кан- Дали е ова најлошиот филм годинава?

Проекцијата на новиот филм на данскиот режисер Ларс Фон Триер- „The house that Jack built” на овогодинешниот Филмски фестивал во Кан, ја одбележа излегувањето на стотина посетители.

Трилерот со елементи на црн хумор, а со Мет Дилан и Ума Турман во главните улоги, ги прати убивањата на сериски убиец низ неколку децении.  Луѓето кои го гледале филмот пред проекцијата во Кан, изјавиле дека филмот е преполн со сцени на садистичко насилство и бруталност. Директорот на фестивалот Тјери Фрем изјави пак дека филмот се занимава со толку контроверзна тема што може да се прикаже единствено надвор од натпреварувачката програма.

Шефот на њујоршката редакција на магазинот „Варајети“, Рамин Сетод на Твитер напиша дека повеќе од 100 луѓе излегле од проекцијата на филмот, во кој може да се видат брутални убиства на жени и деца.

„Ова е најлошиот филм кој сум го гледал во кино“

Тјери смета дека до излегувањето на публиката довела сцената во која главниот лик со пушка пука во две мали деца, разнесувајќи им ги главите. Има и други гадни сцени како на пример таа каде што дете со ножици им сече нозе на патчиња. Фон Триер во филмот вметнал и архивски снимки од концентрациските логори.

И покрај сето ова, останатиот дел од публиката, по завршувањето на филмот го поздрави режисерот со десетминутен аплауз.

Leave a comment

error: Content is protected !!