На плажа затекнале мистериозно суштество! Луѓето преплашени: Ова е морски еднорог

На плажата Хингс на североистокот на САД, морето исфрлило мистериозно суштество,, кое веднаш било наречено: “морско чудовиште”.

Посетителите на оваа плажа имено пронашле труп од суштество во состојба на распаѓање.

“Големиот труп од нешто лежеше исфрлен на брегот. Изгледаше огромно”, рекол Крис Блер од службата за надзор и контрола на животните.

Корисниците на социјалните мрежи суштеството го опишале како “некој вид на морски еднорог вонземјанин” и како “летечкото суштество” од “Бескрајните приказни”.

Иако првобитно се мислело дека станува збор за кит, експертот за ајкули од Флорида, Џорџ Барџес, брзо го идентификувал суштеството како вид на ајкула позната како “големо куче” или Cetorhinus maximus.

Барџес за “Live Science” рекол дека е можно трупот на ајкулата со недели да пловел низ морето.

Leave a comment

error: Content is protected !!