На ова бебе никој не сакал да му пријде бидејќи мирисало непријатно, а потоа една полицајка го воодушевила светот

Аргентинската полицајка Селест Ајанја станала вистинска ѕвезда, кога на Фејсбук била објавена фотографија на која дои оставено бебе. Имено, бебето било неухрането кога било примено во Детската болница “Sister Maria Ludoviica” во Буенос Аирес.

Бебето било вознемирено, гладно, а полицајката понудила да го смири и да го дои.

“Забележав дека е гладен бидејќи константно ја ставаше раката во уста, потоа решив да го прегрнам и да го дојам. Беше тоа тажен момент, душата ми беше скршена. Општеството треба да биде почувствително на проблемите кои се однесуваат на деца”, рекла таа за локалните медиуми.

Фотографијата која ја објавил нејзиниот колега е споделена повеќе од 100.000 пати и предизвикала позитивни реакции ширум светот.

Колегата на полицајката, Маркос Хередија, вели дека персоналот во болницата бебето го нарекувало миризливо и валкано, но дека Селест тоа на ја интересирало.

“Сакам овој прекрасен гест да биде јавен. Иако не го знаеше ова бебе, тоа не те спречи да размислуваш како мајка”, напишал нејзиниот колега.

Инаку, детето кое Ајанја го доела е едно од шест деца на самохрана мајка која тешко успева да се грижи за сите.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!