На Меган и е строго забрането, но не и на другите принцези: Еве зашто Евгенија смее, а сопругата на Хари не смее да користи социјални мрежи!

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, ги избришала сите профили на социјалните мрежи пред да се објави веста за нивната свршувачка, а принцезата Евгенија, од друга страна, на големо користи Инстаграм, а за тоа постои причина.

Имено, принцезата Евгенија (28) е помладата ќерка на принцот Ендру и војвотката Ферги.

Ендру е трето дете на кралицата Елизабета II и принцот Филип.

 

Евгенија во март оваа година го отворила својот Инстаграм профил и е до сега единствениот член од кралското семејство кој има личен профил.

Меѓутоа, постои причина зашто неа и е дозволено. Имено, така е бидејќи Евгенија и нејзината сестра се бават со други професии освен што ја претставуваат монархијата.

Евгенија има постојано работно место во уметничка галерија и само повремено се појавува на кралските случувања. Иако е на деветто место на ред за тронот, се посветила на својата кариера надвор од палатата.

Leave a comment

error: Content is protected !!