На кого е згодна пејачката: Вера Ора постојано објавува заводливи фотографии во костим за капење

Госпоѓа Вера Ора моментално летува на црногорското приморје, поточно на Ада Бојана, откаде на својот профил на Инстаграм редовно објавува фотографии.

Нејзиното тело во костим за капење привлекло многу внимание, па се гледа од кого ќерката Рита Ора ја добила харизмата.

Вера направила кампања за линија костими за капење наменети за жени кои минале низ мастектомија. Овие костими за капење се осмилени да им помогнат на жените и да покажат да можат да бидат секси и по таквата борба.

“Ако можам да помогнам на било која жена која минала низ истото, ќе го направам тоа во секој случај”, вели Вера која по професија е општа лекарка, а и самата го победила ракот на дојката.

Leave a comment

error: Content is protected !!