На брегот во Мјанмар се појавил “брод на духови”, а никој не знае каде е екипажот

Полицијата од Мјанмар го истражува големиот и ‘рѓосан товарен брод откако еден рибар воочил како мистериозно плови во регијата Јангон.

Бродот со име “Sam Ratulangi PB 1600” бил откриен претходно оваа недела, како талка во близина на Мјанмар. На бродот не биле забележани морнари, ниту пак некаква роба.

Властите и морнарницата влегле на бродот и сега го пребаруваат со надеж дека ќе откријат што се случило.

Бродот се насукал на плажата, а на него било закачено индонезиско знаме. Интересно е тоа што тој е целосно во функција, односно дека целата моторика на бродот работи.

Постојат сомнежи дека бродот е неодамна напуштен, но причината за тоа не е позната. Констатирано е дека тој е направен во 2000 година.

“Sam Ratulangi PB 1600” е долг 177 метри, а последен пат бил забележан во 2009 година, во близина на Тајван. Ова е прв пат како тој е забележан оттогаш.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!