На Арктикот се појавуваат мистериозни дупки, ниту Наса не знае зошто

Научниците и понатаму се збунети и без одговор зошто по Арктикот се појавуваат дупки.

Можеби се последица од топлите води кои течат под мразот или можеби ги направил некој морски цицач кој се подигнал над површината на мразот во потрага по воздух. Фотографијата на која се гледаат дупките, направена е во Беауфортското море во близина на Арктичкиот океан, а фотографирана е во текот на НАСА операцијата Ice Bridge. Секоја година, флота со истражувачи лета на двата поларни региони и снима детални и фасцинантни слики на најнепосетените локации на Земјата.

На последните нивни фотографии се гледаат дупките во мразот.

„Тоа е дефинитивно подрачје со тенок мраз, бидејќи се гледа линија во близина на дупата, а бојата е доволно сива, што укажува дека постои тенка снежна прекривка, но никогаш претходно не сум видел вакво нешто“- изјави координаторот на проектот Ice Bridge- Натан Курц.

 

 

Leave a comment

error: Content is protected !!