На Америка и се заканува нуклеарна катастрофа: 6 нуклеарки се на патот на страшниот ураган, постои страв дека нема да ги издржат ударите

Американските власти соопштиле дека сите 6 нуклеарни електрани кои се наоѓаат на патот на ураганот Флоренс се безбедни, меѓутоа, некои експерти не се толку сигурни, предупредувајќи дека поплавите би можеле да ги загрозат нивните системи на заштита.

Шест нуклеарни електрани во Северна и Јужна Каролина се наоѓаат директно на проектираниот пат на олујата, соопштила Мери Кетрин Грин, портпаролка на компанијата во чија сопственост се електраните.

Нуклеарната електрана Брунсвик и електраната Шерон Харис во Северна Каролина, се најблиско место каде се предвидува дека ќе удри ураганот, рекла Грин.

Џеф Бјард, помошник администратор на агенцијата FEMA, изјавил дека агенцијата не е загрижена за електраните на патот на олујата “во овој момент”.

“Овие електрани се заштитени, имаат резервни генератори за струја и брзо ќе процениме било какви влијанија на нуклеарните електрани по олујата”, рекол Бјард. Меѓутоа, Унијата на загрижени научници, научно ориентирана јавна политичка организација, е загрижена за способноста на нуклеарката Бринсвик да ги издржи налетите на олујата, поради тоа што групата нема доволно информации за подготвеноста на фабриките.

Поплавите во нуклеарните фабрики би станале загрижувачки бидејќи во 2011. година земјотресот и цунамито во Јапонија предизвикаа една од најлошите нуклеарни катастрофи од инцидентот во Чернобил во 1986. година. Три нуклеарни реактори се стопија ослободувајќи опасно зрачење во околината.

Leave a comment

error: Content is protected !!