На 18 години имала 135 килограми, а денес е пример за сите девојки

На само 18 години, Мелиса Моувад имала тежина од 135 килограми и единствена облека која можела да ја носи е онаа за трудници, додека денес никој не може да поверува колку добро изгледа.

“Облеката за трудници има голема еластична трака на струкот. Само со таа облека се чувствував удобно”, рекла за News.com.au. “Непријатно ми е да размислувам за тоа, меѓутоа немав избор”.

Но, 29 годишната девојка од Сиднеј денес е поздрава од кога и да било, откако ја намали својата тежина за 65 килограми и сосема го промени животниот стил.

Нејзините проблеми со тежината започнале додека била мала, бидејќи била опседната со храна.

“Како дете знаев во мојата спална соба да си донесам храна за да можам да јадам подоцна. Секоја вечер би јадела крофни, брза храна, чоколади и газирани пијалаци”.

Така на 18 години имала 135 килограми, а докторите ѝ рекле дека мора да ги промени своите навики.

“Дури кога докторите ми рекоа дека можам да доживеам срцев удар и дека сум на работ на добивање дијабетес, сфатив дека морам да ги променам своите навики”, рекла таа.

Но, таа немала никој кој да ѝ помогне и да ја едуцира за тоа што треба да јаде, ѝ бил потребни години во испробување на различни диети и планови за вежбање. Пред 5 години за себе го пронајде најдобриот начин за слабеење со кој редовно вежба.

“Почнав да вежбам во теретана и да се контролирам што јадам и килограмите едноставно почнаа да си исчезнуваат”, рекла.

Исто така открила дека поради физичката трансформација ѝ се променил и карактерот. “Претходно бев срамежлива и затворена, не сакав никој да ме гледа. Сега имам самодоверба и среќна сум. Го сакам животот”, заклучи Моувад.

Leave a comment

error: Content is protected !!