Мутирани волци од Чернобил внесуваат страв во коски: Погледнете ги радиоактивните ѕверки

Волците кои живееле на местото на најголемата светска еколошка катастрофа – Чернобил, сега живеат во остатокот од светот, а научниците се плашат дека тие може да шират мутирани гени.

Волците почнале да заминуваат од Чернобил во 2016-та година, кога според последната евиденција биле околу 300.

Новото истражување објавено во Европското списание за истражување на диви животни, покажало дека во околу 30 километри од околината на Чернобил дивината останала сочувана, бидејќи немало човекови фактори кои би го попречувале живиот свет.

Во раните утрински часови на 26-ти април 1986-та година, дошло до катастрофа во нуклеарната електрана во тогашната Советска Украина, што предизвикало бран кој однел смртоносни облаци од атомски материјал во атмосферата, убивајќи ги и труејќи ги жителите и правејќи го подрачјето непогодно за луѓе.

Меѓутоа, сите волци од тогаш се развивале, а научниците го следеле нивното однесување. “Сега успеавме за прв пат да лоцираме млад волк кој излегол од оваа зона”, рекол екологот и лидер на истражувањето, Мајкл Бајрн.

За само три недели, волкот кој научниците го следат минал 300 километри. Бајрн вели дека ниеден волк не е радиоактивен, но не може да се каже со сигурност дека не носи мутирани гени.

Leave a comment

error: Content is protected !!