Мрачните прогнози на Сорос го запрепастиле светот: Ако не се разбудите, ќе се повтори 1991-ва година

“Заспаната Европа паѓа во провалија, а Европејците мора да се разбудат пред да биде доцна”, предупредува милијардерот Џорџ Сорос.

Во статијата од “Marketwatch”, бизнисменот рекол дека ЕУ ќе тргне по патот по кој одел Советскиот сојуз, доколку луѓето не преземат нешто за да ја спасат.

“Ако не го направат тоа, Европската унија ќе оди по патот на Советскиот сојуз од 1991-ва година. Ни нашите лидери ни обичните граѓани не разбираат дека доживуваме револуционерен момент, дека опсегот на можности е многу широк и дека резултатот од тоа е многу неизвесен”, вели тој.

Сорос истакнува дека претстојните избори за Европскиот парламент во мај оваа година ќе бидат клучни за иднината на континентот, но тврди дека антиевропските партии “уживаат во конкурентската предност”.

Сорос уште еднаш останал верен на своето противење на Брегзит, нарекувајќи го настан кој ќе ја дефинира земјата во наредните децении.

“И во Велика Британија, застарената партиска структура ја спречува народната волја да пронајде правилен израз. Ситуацијата е толку компликувана што повеќето Британци само сакаат да завршат со тоа, иако тоа ќе биде одлучувачки настан за земјата во наредните децении”, додава Сорос.

Исто така, Сорос истакнува дека сојузот на германските партии ЦДУ и ЦСУ повеќе не е одржлив и дека загрижува растот на популарноста на десничарската партија АФД.

И американскиот претседател Доналд Трамп зборувал за теориите на заговор за Сорос, вклучувајќи ја и таа дека тој го финансирал караванот со средноамерикански мигранти кои се обиделе да влезат во САД.

Кон средината на минатата година, американското списание “Forbes” ја објавил листата на најбогати луѓе на светот, на која Сорос се наоѓа на високото 27-мо место.

Leave a comment

error: Content is protected !!