Морскиот лав Кан- најомилен жител во Скопска Зоолошка

Морскиот лав Кан е дефинитивно омилениот жител во Скопската Зоолошка градина.

Освен што е прекрасен и грациозен, Кан плени и со својата веселост, а највеќе на него се радуваат малите дечиња кога ќе дојде време за хранење.

Кан секој ден ( освен во петок) во 11:00, 14:00 и 16:00 прави шоу за посетителите, притоа уживајќи во неговата омилена храна- рибите. Освен морска риба, Кан обожува да јаде и лигњи, но бидејќи е малку здебелен препорачано е овој период да ја избегнува тешката и мрсна храна.

За него се грижат тројца Зоо негователи кои што се и негови најдобри другари. Секојдневно се менуваат Маја, Драган и Венјамин, а Кан најмногу од се сака да ги бакнува. Морскиот лав е се уште млад и уште многу ќе расте, но Кан веќе се однесува како возрасно момче и секогаш точно знае што сака, а што не.

Доколку сакате одблиску да се запознаете со Кан, поминете во Зоолошка градина Скопје, влезот е само 50 денари.

Leave a comment

error: Content is protected !!