Морбидно! Кај Швајцарците смртта одамна станала бизнис, но еве што им паднало сега на памет

Најголемиот крематориум, Нордхајм, во Швајцарија, ќе почне да собира племенити метали од пепелта на покојниците.

Во овој крематориум во Цирих, годишно се кремираат повеќе од 6.000 тела, а грутките од злато, сребро и платина кои ќе ја преживеат температурата од 700 степени Целзиусови, е се што останува од телата по кремирањето.

Меѓутоа, Швајцарците овој месец во погон пуштиле машина која ги филтрира драгоцените метали кои подоцна одат на продажба. Тие така ќе собираат златни заби, импланти и накит кои ќе останат од покојникот.

Се појавиле и некои полемики за тоа дали парите од продажбата треба да бидат вратени на семејствата или да се уплатат во државната каса. Се проценува дека градот Цирих на овој начин од крематориумот ќе заработува околу 100.000 швајцарски франци годишно.

Семејствата на покојниците кои сакаат да бидат кремирани, можат да одбијат филтрирање на пепелта, и тогаш пепелта заедно со металите ќе биде ставена во сад. Меѓутоа, швајцарските медиуми јавуваат дека пепелта на третина од кремираните ќе оди на филтрирање.

Слична технологија на филтрирање вовел и друг швајцарски крематориум, Золотурн, сместен меѓу Базел и Берн. Откако започнале со таа активност, заработуваат околу 40.000 франци годишно.

Крематориумте во Сент Гален, Арау и Базел нема да ја филтрираат пепелта на покојниците.

Leave a comment

error: Content is protected !!