„Money heist” или на шпански „La casa de papel” е трилер серија која ќе посакате да ја изгледате во еден ден.
Серијата има 15 епизоди, поделени во две сезони, а секоја епизода трае околу еден час. Дејствието се случува во Мадрид, каде што група „лоши“ момци и девојки се здружуваат за заедно да го направат најголемиот грабеж во светската историја. Професорот, Берлин, Токио и останатите од бандата сакаат да украдат ни помалку, ни повеќе туку точно 2 милијарди и 400 милиони евра.
Оваа шпанска серија ги собори и сите рекорди на гледаност, затоа подгответе си пуканки, нарачајте пица и седнете да ја изгледате „Money Heist” од почеток до крај!