Монетарна нуклеарка: Ако САД истраат со санкциите за Русија, одговорот на Москва нема да биде воен, но ќе боли

Русија би можела да драстично да го забрза процесот на плаќање во национални валути со своите партнери во случај новите американски санкции да ја закомпликуваат моменталната ситуација, изјавил косопственикот на компаниите “Новатек” и “Сибур” Леонид Михељсон.

Како што објаснил, за тоа руските службеници веќе подолго време разговараат со партнерите од Кина и Индија, како и со некои арапски земји.

“Доколку санкции влијаат на трансакции кои се вршат со тие земји, процесот на преминување на плаќање во национални валути ќе биде драстично забрзан”, истакнал тој.

Потсетуваме, новите американски санцкии за Русија, поради наводната употреба на хемиско оружје во британски Солисбери, ќе стапат на сила на 22. август, соопштил претходно Стејт Департментот.

Меѓу другото, санкциите би можеле да се одразат и на забраната за вршење на трансакции во долари меѓу Русија и нејзините партнери.

Leave a comment

error: Content is protected !!