Моќна олуја се движи кон Грција: На нејзиниот пат прв е Крит, а еве каде удира потоа

Моќната олуја денес го погодила јужниот дел на Грција, а откорнатите дрвја кои ги оштетиле далноводите предизвикале да снема струја во некои зони на Атина.

Се наведува дека се затворени училиштата во грчката престолнина и уште некои делови на земјата, а спасувачките служби ќе бидат во приправност цел викенд.

Се наведува дела е обновен сообраќајот на некои траектни линии од пристаништето во близина на Атина, кој би сопрен претходните два дена, а поради невремето имало откажувања и на авионски летови.

Грчката национална метеоролошка служба EMY денес објавила дека се очекува влошување на временските услови на островот Крит, но и на делови од југот и западот на Грција.

Моќната и ретка олуја, налик на ураган и тајфун, викендов ќе го погоди источниот дел на Средоземјето, јавува “CNN”.

Американската телевизија наведува дека станува збор за хибридна олуја која често се нарекува Медиган.

Оваа олуја последните неколку дена предизвикала поплави во Тунис и Либија, а сега преку Средоземното море тргнала кон Европа.

Leave a comment

error: Content is protected !!