„Младите доаѓаат“ и спектакуларно 3Д мапинг шоу во Македонска филхармонија

Македонска Филхармонија повторно најавува интересни настани.

На 1 јуни (петок) во 20 часот  ќе се одржи традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“ со учениците од Државните музички училишта во Македонија, на кој ќе се претстават млади, талентирани музички уметници кои по пат на аудиција се избрани да настапат како солисти со оркестарот на Македонската филхармонија. Диригент на концертот е маестро Фи Фи Ле, а ќе бидат изведени дела од Глук, Аколаи, Моцарт, Лало, Хајдн, Лист, Сен-Санс, Росини, Хачатуријан…

На 3 јуни (недела), за првпат во Македонија, ќе биде изведено спектакуларно 3Д Мапинг шоу, односно мултимедијален перформанс под наслов „И коњите ги убиваат зарем не?“, во копродукција на Македонската филхармонија и 3Д Проект Студио. Покрај аудио и видео сензацијата, ќе биде вклучена и актерска игра, а во главната улога ќе настапи актерот Дејан Лилиќ. 3Д Мапингот е базиран на музички аранжман од страна на Џијан Емин, но и од легендарните хитови на групата „Лед Цепелин“, испреплетени со музичките дела на Дмитриј Шостакович и миленикот на Кјубрик – Арам Хачатуријан. 3Д Мапингот и видео анимациите се дело на Милчо Узунов. Настанот е во режија на Златко Славенски.

Leave a comment

error: Content is protected !!