Млади богаташи дале отказ од работа и тргнале на пат да докажат дека во најопасните делови на светот луѓето не се злобни: Но, потоа…

Сакале да живеат со полни гради, дале откази на работа и ја обиколувале планетата, меѓутоа, имале премногу доверба во човештвото.

Младиот американски пар Џеј Остин и Лорен Гејган, полни со идеали, сакале да покажат дека луѓето во суштина се добри, мислејќи дека без проблеми ќе минат низ територијата на исламистите. Се упатиле на едногодишно патување со велосипеди околу светот и завршиле убиени во терористички напад во Таџикистан.

Џеј и Лорен дале откази на своите работни места во Вашингтон и го започнале патувањето. Остин, веган кој работел во Министерството за урбан развој на САД, и Гејган, со која се забавувал, вегетаријанка, работела во администрацијата на Универзитетот Џорџтаун, сфатиле дека ги трошат своите животи на досадни работи.

“Пораснав трошејќи ги залудно најдобрите часови. Пропуштив многу заоѓања на сонцето завртен со грб. Премногу олуји не гледав и не го забележував мирниот ветер”, напишал Остин на својот блог пред да тргне на патување.

Заљубениот пар го документирал едногодишното патување на Инстаграм и на заедничкиот блог. Како што навел “New York Times”, двајцата имале отворено срце и правеле добри дела, и тоа за странци.

“Читате весници кои ве наведуваат да мислите дека светот е големо, страшно место”, напишал Остин.

“Како што тие сакаат да мислите, на луѓето не треба да им верувате. Луѓето се лоши. Луѓето се злобни. Но, јас не верувам”, продолжил тој.

“Злото е концепт во кој не убедуваат за да ја решаваме комплексноста на човештвото, оние кои имаат различни вредности, вера и сфаќања од нас…Но, во пошироката слика, луѓето се добри. Понекогаш себични. Понекогаш кусогледи, но добри. Дарежливи, прекрасни и добри”, заклучил тој.

Според зборовите на родителите на Лорен, едногодишната велосипедска авантура била типична за отвореноста на нивната ќерка кон запознавање на нови луѓе и места, и нејзината желба подобро да го разбере светот.

Но, патувањата од соништата и верата во луѓето дочекале трагичен крај во Таџикистан, земјата позната по присуството на терористички групи.

Се возеле со велосипедите на 29. јули кога автомобил се залетал во нивната група од седум велосипедисти. Петмина излегле од возилата и ги боделе со ножеви до смрт.

ИСИС ја преземала одговорноста за овој напад, иако таџикистанските власти го насочуваат прстот кон забранетата политичка партија, Исламската партија за преродба на Таџикситан.

Leave a comment

error: Content is protected !!