Млада Русинка го продавала бебето за 40 евра, па горко заплакала: Жал ми е, мајка ми и сиромаштијата ме натераа да ја дадам

Руската полиција го истражува случајот кој го снимиле надзорните камери на аеродромот во Омск, а на кој се гледа избезумена млада мајка како го прегрнува своето бебе, а потоа се врти, го бакнува за последен пат, и го предава во рацете на средновечна жена, која потоа заминува со бебето.

Се воспоставило дека мајката се вика Ина Петрова, а дека детето го дала на професорката Наталија Жданова – која за возврат и дала 40 евра!

До полицијата прво стигнала пријавата дека Ина не може да го издржува новороденото бебе и дека ќе го даде на жена која сака да посвои по скратена постапка. Затоа почнале да ја следат младата мајка, а снимката од аеродромот во Омск само ги потврдила сомнежите.

На снимката, која ја објавиле инспекторите, Ина со детето во рацете нервозно стои и како да ги одбројува драгоцените секунди кои уште може да ги помине со своето бебе. Во еден момент се свртела и тргнала кон Жданова, која пропатувала повеќе од 3.000 километри и дошла во Санкт Петербург за да го земе бебето. Ина ја бакнала последен пат и ја предала на Наталија, која на персоналот му покажала лажни документи од бебето и влегла во авионот.

Се гледа и како Ина ги брише солзите. Денес вели дека и е жал за тоа што направила и дека би сакала да може да го врати времето.

Полицијата го открила ова злосторство и двете жени биле уапсени и обвинети за трговија со деца, за што е предвидена казна до десет години затвор. А потоа се расплеткала целата приказна.

Истрагата утврдила дека Жданова била очајна бидејќи нејзиниот возрасен син тргнал по својот пат, па сакала уште едно дете. Затоа поставила оглас на интернет: “Јас си сопругот сакаме да посвоиме дете од 0 до 3 години возраст. Сите документи за посвојување се подготвени. Пратете приватна порака за детали. Ве молам помогнете ми”.

Огласот го видела Ина Петрова, која нешто претходно забременила од кратката врска со момче кое го запознала во кафуле, и одговорила дека сака да ја даде ќерката на посвојување бидејќи не е способна да ја одгледува. Подоцна Ина ќе раскаже во полицијата дека живее со мајка и и сестра и во изнајмен стан и дека двете полуделе кога дознале дека е бремена, па и рекле дека не смее да го задржи бебето.

“Двете беа жестоко против бебето и извршија психички притисок на идната мајка, која немаше работа, а ни поддршка од таткото на детето. Во таа ситуација одлучила да го даде детето на посвојување”, објаснил обвинителот Василиј Гумењук. И сето тоа би останало тајна ако Ина и нејзината мајка не и се довериле на пријателката, која веднаш ја известила полицијата. Истрагата тогаш почнала, а кога пристигнала оваа снимка од надзорните камери на аеродромот во Омск, за една недела полицијата им тропнала на врата.

Ина Петрова во полицијата рекла дека мајка и и сестра и ја напаѓале во текот на целата бременост.

“Сакаа да абортирам. Мајка ми ми се закануваше. Ми кажа да не се враќам дома ако родам. Ми кажа дека бебето не е играчка. На социјалните мрежи објавив повик за помош”, рекла и додала дека можела да абортира, но дека одлучила да роди, и да и го даде бебето на Наталија, која дотогаш не ја познавала. Наталија и дала околу 40 евра како надомест за пелените кои ги купила и и ветила дека на неа и нејзиното семејство ќе им најде работа во Санкт Петербург.

“Кога дознаа семејните пријатели, една пријателка на мајка ми кажа дека треба да побарам помош. И таткото на бебето кажа да му ја дадам, тој да се грижи за неа. Но тој има само 23 години, бебе не ми е дел од животниот план”, рекла младата мајка.

И Жданова изнела свои причини: секако дека сакала легално да посвои дете, но не одговарала на строгите критериуми.

Бебето најверојатно ќе оди во сиропиталиште, а биолошката мајка и несудената посвојувачка – во затвор. Засега двете се во домашен притвор и чекаат крај на истрагата.

Leave a comment

error: Content is protected !!