Мистериозната трагедија на НБА шампионот: Играше со Џордан, излегуваше со Мадона, а потоа му се случи нешто морничаво во Тихи Океан

Брајан Вилијамс беше помеѓу подобрите играчи во НБА лигата во средината на 90-тите години.

Можеби не на ниво на супер ѕвезда, но центар кој секој би го посакал во тимот. Во најсилната кошаркарска лига на светот стигна во 1991 година, кога како 10-ти пик во првата рунда на драфтот го одбра Орландо Меџик во кој помина две сезони. Потоа кратко беше во Денвер Нагетс и Лос Анџелес Клиперс, а и во тогашниот најтрофеен Чикаго Булс.

Во Булс го доживеа врвот на кариерата. Како важен играч од клупа имаше важна улога во освојувањето на петтата титула на Биковите кои со Џордан во големото финале го совладаа Јута Џез. Вилијамс изигра уште две сезони во Детроит Пистонс, а потоа изненадно одлучи да се пензионира на врв на силата во 30-тата година. Вилијамс беше познат по ексцентричното однесување, а година дена пред да се пензионира го промени името во Бизон Деле за да им одаде почит на своите африкански и индијански корени, затоа што имал потекло и од Чироките.

Тоа е само почеток на интерсните случувања кои се завршија со трагедија за момчето кое излегувало и со Мадона, свирел виолина, саксофон и труба, а имал и дозвола за пилотирање со авион. Бил во Либан и пукал во пустина со базука од чиста забава, а потоа започнал номадско патување низ цела Азија. Во Австралија научил да едри и купил катамаран кој го нарекол Хакуна Матата, со желба да плови низ сите океани. Тоа било грешка која скапо го чинела.

Во јули 2002 година, Деле и неговата девојка Серена Карлан со капетанот Бертранд Салд и братот на Деле, Мајлс Даборд испловиле од Тахити. Мајлс бил единствен патник од катамаранот кој бил виден или за кој се слушнало после 8 јули кога последен пат бил остварен контакт со бродот. На Тахити, Мајлс го вратил бродот на 20-ти јули, но сам. Во септември бил уапсен додека пробувал да купи злато вредно 150 000 долари фалсификувајќи го потписот на братот Дале, а два дена претходно, бродот Хакуна Матата бил пронајден на брег кај Тахити, без регистарски таблички со закрпени дупки од куршуми.

Во истрагата се вклучиле и ФБИ и со француските власти дошле до заклучок дека Деле, Карлан и Салдо веројатно се убиени и фрлени во океанот. Мајлс како единствен сведок на овој настан се предозирал со инсулин и паднал во кома, а кон крајот на 2002 година, починал во болница. Опишувајќи што се случило, Мајлс изјавил дека тој и брат му Дале се степале, а Карлан во несреќни околности ја удрила главата во дел од бродот и од ударот починала. Капетанот Салдо сакал да ја пријави несреќата, но го убил испаничениот Деле, а Мајлс наводно во самоодбрана го убил својот брат и сите тела ги фрлил во океанот. Со самоубиството на Мајлс случајот е затворен, но до денешен ден е нејасно што навистина се случило тој ден во Тихиот Океан.

Leave a comment

error: Content is protected !!