Мистериозен звук го опседнува градот: Жителите на страшни маки, еве што им се случува

Веќе со децении жителите на пустинскиот град Таос во Ново Мексико се окружени со мистериозен звук. Станува збор за постојан нискофреквентен шум кој некои го споредуваат со работа на дизел мотор.

Меѓутоа, постојаната изложеност на овој звук предизвикува главоболки, несоници, непријатност, па дури и проблеми со дишењето. Иако не може да се слушне со голо уво, различни уреди за детекција на звук успеале да го регистрираат.

Во Таос доаѓале бројни истражувачки тимови за да ги откријат причините за оваа необична појава, но досега никој не успеал во тоа.

Прв пат шумот бил пријавен на почетокот на 90-тите години од минатиот век, а професорот Џо Малинс од Универзитетот во Ново Мексико открил дека го слушаат два проценти од околу 5.000 жители на градот.

Звукот обично се слуша одненадеж, многу е тивок, а луѓето го слушаат барем еднаш неделно. Сведоците тврдат дека звукот повеќе се слуша во мали и затворени простории како што се автомобили или куќи, што дополнително придонесува за бизарноста на целата ситуација.

Бидејќи научниците немаат објаснување за оваа појава, тоа довело до многу теории на заговор. Некои тврдат дека звукот е производ на вонземјански активности, што дополнително се оправдува со фактот дека Таос се наоѓа на 500 километри од Розвел, каде во 1947. година наводно паднал НЛО.

 

Други веруваат дека шумот има врска со таен проект на американската војска, која веќе правела истражувања со нискофреквентни звуци во минатото, додека трети претпоставуваат дека станува збор за некој природен феномен, односно проблем со слухот кај лицата кои го слушаат.

Поновите истражувања претпоставуваат дека шумот во Таос може да биде последица од два длабокоокеански бранови со иста фреквенција кои патуваат во различни насоки.

Leave a comment

error: Content is protected !!