Мислевме дека авионот ќе удри во нас! Изгледаше како терористичкиот напад на 11. септември

“Boing C-17” е дел од манифестацијата “RiverFire” која секоја година се одржува во Бризбејн во Австралија.

На снимката се гледа голем авион кој лета ниско меѓу облакодери. За среќа, не удрил во ниеден од нив, иако за тоа имало многу шанси.

Еден од исплашените луѓе коментирал како таа сцена го потсетила на терористичкиот напад во Њујорк на 11. септември.

Многумина овој потег го оцениле како глупав и опасен.

“Беше потребна мала грешка за тие облакодери да бидат уништени и луѓето повредени. Се беше кул, но можеше многу лесно да тргне на лошо”, се некои од коментарите.

Секако, имало и коментари кои оделе во одбрана на авионот и пилотот.

“Никој не беше во никаква опасност. Освен во случај двата пилоти истовремено да доживеат срцев удар или нешто во авионот да се расипе”, вели еден од нив.

“RiverFire” во Бризбејн се одржува секој октомври.

Leave a comment

error: Content is protected !!