Мирно си веслал со кајакот, кога фока го удрила со откопод: Сепак постои рационално објаснување за овој напад

Еден снимател ја тестирал својата нова камера додека веслал и снимил една неверојатна сцена – фока со октопод удира друг кајакар.

23-годишниот Таијо Масуда возел кајак за “GoPro” кај брегот на Нов Зеланд на 22. септември, кога снимил сцена што го освоила интернетот. Се се случило за момент – фоката излегла од водата во близина на кајакарот влечејќи октопод, замавнала со главата и го удрила човекот со животното. Кајакарот Кејл Малиндер останал шокиран.

“Помислив: Што по ѓаволите се случи”, рекол Кајл. Масуда рекол дека двајцата веднаш почнале да се смеат.

“Зборувавме за тоа цела недела”, рекол тој за USA Today.

За овој необичен инцидент постои објаснување и тоа воопшто не е пријатно.

Фоките со ударите на површина ги кинат пипците на октоподите и ги голтаат на површината.

“Иако фоката не се обидела да го удри намерно Кајл, туку кајакарот само се нашол на патот, таа веројатно сакала да ги откине пипците на октоподот служејќи се со јачината на ударот”, рекла професорката Рошел Константин.

Leave a comment

error: Content is protected !!