Решма е наводно убиена по кратката расправија со сопругот
Познатата пакистанска пејачка и актерка Решма е убиена во својот дом, а полицијата трага по нејзиниот сопруг кој е осомничен за убиство.
Осомничениот, кој пред бракот со Решма имал три сопруги, наводно влегол во куќата која Решма ја делела со својот брат во Новшера Калан во северен Пакистан.
Решма е наводно убиена по кратката расправија со сопругот, кој според неофицијални информации извадил пиштол и испукал повеќе куршуми. Веднаш потоа избегал од местото на злосторството.
Решма има милиони фанови во Пакистан, а станала позната по улогата во драмата Зобал Голуна. Исто така пеела и национални песни на паштунски јазик.