Голема сина дупка во Големиот корален гребен ги изненади нуркачите и тоа непријатно.
Станува збор за голема шуплина во морското дно, отворена кон површината. Тоа е втора најдлабока таква морска дупка на светот после Змејската дупка во Јужното кинеско море.
Коралниот гребен секоја година го посетуваат околу 260.000 нуркачи од целиот свет, а милијардерот Ричард Бренсон неодамна со својот тим учествуваше во нуркање до дното. Она што го затекна е предупредување за целиот свет.
Тој нурнал во дупката до дното и таму пронашол пластични чаши.
“За жал, забележавме пластични чаши на дното од дупката”, напиша Бренсон на блогот.
Рекол дека пронашле и докази за тоа дека подводната структура не била отсекогаш дупка.
Покрај пластичните чаши на дното имало и остатоци од ракови и други морски животни кои потонале на дното.