Милијардерот ја оставил ќерката на Путин: Разводот го чинел 200 милиони фунти, а за се е виновна една старлета

Многу мистерии ја окружуваат приказната за разводот на ќерката на Путин, Јекатерина Тихонова и рускиот најмлад милијардер Кирил Шамалов, но постои сомнение дека процедурата била отворена на почетокот на 2017-та година, бидејќи тој започнал врска со руската старлета и поранешна манекенка Жана Волкова.

Според наводите, Шамалов во разводот изгубил речиси половина од своето богатство, околу 200 милиони фунти, откако го поврзале со Волкова, а скандалот бил откриен кога таа “заљубено” танцувала со мистериозен маж на прославата на Денот на вљубените минатата година.

Лицето на мажот намерно било прекриено со илустрација од емитикон кој се смее, но и тој и покрај тоа многу потсетувал на Шамалов. Сепак, ни тој, ни таа не сакале да ги коментираат наводите на медиумите.

Кремљ инаку има политика да одбива да дискутира за било што поврзано со семејството на рускиот претседател, па така никогаш не дошла ни потврда дека Јекатерина се омажила во 2013-та година. Освен како ќерка на Владимир Путин, таа во јавноста е позната и по танцовите натпреварувања во кои учествувала. Воедно, постојат и одредени наводи дека Путин ја подготвува за потенцијален наследник во 2024-та година.

Се омажила за Шамалов на раскошна церемонија во одморалиштето “Игор Скај Ризорт” во Санкт Петербург, при што се возеле во традиционална кочија влечена од три бели коњи. На сите гости им било наложено да не зборуваат за свадбата, а немало ни официјално соопштение бидејќи Путин не дозволува соопштенија за неговото семејство.

Секако, бракот го лансирал Шамалов до статусот милијардер, но клучна била неговата доверба која му била дадена како член на семејството на рускиот претседател. “The Sun” наведува дека се верува дека пред свадбата добил 4,3 проценти удел во гасниот гигант “Сибур”, како и дека анонимни извори соопштиле дека во април минатата година бил принуден да го отфрли својот процент. Некои од овие наводи ги демантирале луѓе на блиски на Шамалов.

Сепак, неговото богатство минатата година било проценето на околу 1,3 милијарди долари, додека според последните проценти на “Bloomberg” тоа сега изнесува 800 милиони долари.

Leave a comment

error: Content is protected !!