Миленикот на жените ја открил тајната на успешниот брак: “Најважно е секогаш да бидеш присутен”

“Две лица треба меѓусебно да се сакаат и внимаваат еден на друг и кога имаат деца, мора секогаш да разговараат на конструктивен начин”, истакнува славниот Италијанец.

Популарниот италијански пејач Ерос Рамацоти, веќе со децении е во љубов со убавата Мариса Пелегринели.

Мариса не е само личност која го следи во чекор и се грижи за нивните деца туку нејзиното мислење и визија имаат важно влијание и на работата на Ерос.

Ерос сака да слушне што има таа да каже за песните на кои работи “и често останува позитивно изненаден од нејзините сериозни и прецизни коментари”, а Мариса е одговорна и за изгледот на неговата актуелна турнеја.

Двајцата се во врска од 2009-та година, а се венчале 5 години подоцна и во меѓувреме добиле две деца. Харизматичниот италијански музичар е 24 години постар од својата сопруга, но тоа не претставува никаква препрека во нивниот однос.

Тој дури во секоја прилика истакнуваат колку е среќен со неа и додава дека луѓето би требало да се борат за да имаат долги и квалитетни врски. Тој исто така разбира дека среќен и сериозен брак може да биде предизвик, со оглед на тоа дека многу време минува на турнеи, гостувања и работејќи на својата музика.

Тој во една прилика го истакнал следното: “Две лица треба меѓусебно да се сакаат и внимаваат еден на друг и кога имаат деца, мора секогаш да разговараат на конструктивен начин. Најважно е да се биде присутен и никогаш ништо да не се крие”, вели славниот Италијанец.

Leave a comment

error: Content is protected !!