Мигранти пристигнуваат на познато туристичко место и бегаат, туристите во шок!

Неколку мигранти од Мароко дошле до брегот на Шпанија и ги изненадиле туристите на плажата Дел Кануело на Тенерифе во Шпанија.

Во смешната сцена која во петокот ја снимиле фотографите на “Reuters”, мигрантите веднаш по закотвувањето на чамецот бегаат на сите страни кон шумата, за да ја избегнат шпанската полиција, пишува “Jutarnji List”.

Туристите, од кои некои нудисти, притоа во чудо гледале што се случува и мажи како трчаат на сите страни.

Околу 1.600 мигранти само оваа недела пристигнале на шпанскиот брег.

Leave a comment

error: Content is protected !!