Меѓу леопарди и ирваси: Путин отишол на продолжен викенд, но дамите можеби ќе бидат разочарани кога ќе ги видат фотографиите

Првиот човек на Русија, Владимир Путин, го искористил викендот за мини одмор во Сибир, неговата омилена дестинација.

Како и секоја година, објавени биле фотографии од ова патување, но за разлика од претходните, недостасува еден важен детаљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера објавил дека претседателот на Русија, Владимир Путин, летниот одмор го минал во далечниот сибирски регион Тива.

Како и обично, на Путин на одморот друштво му правел министерот за одбрана и негов близок пријател Сергеј Шојгу, а овој пат им се приклучил и шефот на главната руска разузнавачка агенција FSB, Александар Бортњиков.

Тива е омилена дестинација за одмор на Владимир Путин. И претходните години оодел во таа сибирска република на риболов или на продолжен викенд.

Оваа година немало риболов, потврдил Песков, додавајќи дека Путин го искористил викендот исклучиво да и се восхитува на природата.

Но, не изостанал само риболовот. Во однос на фотографиите од претходните одмори, овој пат не го гледаме Путин во топлес издание.

Тива инаку е дел од Сибир кој е заштитен од страна на УНЕСКо, а го населуваат повеќе од 100 видови на животни, вклучувајќи и леопарди, лосови и ирваси.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!