Медицинска сестра спасила предвреме родено бебе, а после 28 години во истата болница…

Медицинската сестра од Калифорнија никогаш не го заборави прерано роденото бебе за кое се грижеше на самиот почеток на нејзината кариера. Сега, после 28 години открила дека докторот, кој работи во истата болница е всушност нејзиниот мал поранешен пациент.

Сестрата Вилма го препозна Брендон Семинатореа кога отишол на визита во детската болница “Stenfords Lusil Pakard” во Сан Хозе. Брендон беше роден предвреме во 29 недела од бременоста на неговата мајка, а тежел помалку од килограм.

“После речиси 30 години, Вилма го препозна името на Брендон додека тој беше на визита. Каква меморија!”, наведуваат претставниците на болницата на Фејсбук.

54-годишната Вонг рекла дека видела дека некој ги посетува пациентите, но не се пријавил во канцеларијата на медицинските сестри. Го запраша кој е тој и кога се претставил името ѝ звучело познато. Почнала да го испитува и тој кажал дека предвремено бил роден во истата таа болница. Го прашала дали неговиот татко е полицаец.

“Настана тишина. Потоа ме праша дали сум јас Вилма”, вели сестрата.

Брендон поминал 40 дена во инкубатор после раѓањето, а кога бил пуштен дома имал само 2,3 килограми.

“Тоа што имав можност подоцна во животот да го запознаам бебето за кое се грижев, ја прави оваа работа уште подобра. За една сестра, ова е вистинска награда”, наведи таа.

“Запознавањето со Вилма беше надреално искуство. Таа многу добро се грижи за своите пациенти, до таа мерка да биде во состојба да ги памети нивните имиња речиси три децении подоцна”, вели Брендон.

Leave a comment

error: Content is protected !!